Празни рафтови - зголемена потрошувачка по првиот потврден случај на крона вирус во земјава

Зголемена  потрошувачка на производи  по  првиот потврден случај на кронавирус во земјава. Од големите  ланци на маркети  велат дека вчера  во попладневните часови граѓаните масовно купувале  храна и средства за хигиена. Утринава состојабата се нормализирала.  

Зголеманата побарувачка  на маски, гелови за раце и алкохол за дезинфекција, пак, ги остави аптеките без овие производи.  На некои продажни  места за два часа се трошеле и  до 400 тини дезинфексицки средства за раце или целата  количина што ја имале на залиха.

За дел од граѓаните паничниот шопинг и празнењето на  рафтовите е непотребен.

На социјалните мрежи граѓаните споделуваат фискални сметки, за кои корисниците велат дека сведочат  оти цената за една хируршка маска е зголемена  од 4 на 15 денари.

Од организацијата на потрошувачи  апелираат до трговците да не ја користат ситуацијата  и да ги  поскапуваат производите кои во моментов се најбарани.

И од владата со порака до трговците јавниот интерес да го стават пред профитот.

Во меѓувреме рускиот претседател  Путин им се закани на аптеките дека ќе им ги одземе лиценците ако ги поскапат најнеопходните производи.