За градот
29. August 2016 - 8:53

Правни совети за граѓаните од поплавените подрачја

Почнуваат средбите со граѓаните од поплавените подрачја на кои ќе им биде обезбедена правна помош за надоместување на штетите.

Средбите ќе се одржат денеска, во среда и во петок, во месните заедници на Стајковци (10:00 – 13:00) и на Ченто (13:00 – 14:00).

Правната помош вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета согласно Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите подрачја, а ќе ја обезбеди Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Општина Гази Баба можат да се обратат до месните заедници во дефинираните термини.