Пратеникот Крсто Муковски итно пренесен на скопските клиники

Крсто Мукоски доцна синоќа бил испратен на преглед на скопските клиники, пренесуваат дел од медиумите.

Причината зошто затворскиот лекар од Шутка барал специјалист да го прегледа Муковски кој е еден од осомничените за настаните на 27 април најверојатно е неговиот штрајк со глад, откако е приведен.

Откако му е извршен преглед, Мукоски повторно е вратен во притвор и е во добра здраствена состојба. 

Мукоски е во притвор во затворот во Шуто Оризари откако Судот на петти декември му изрече мерка притвор за инволвираност во насилствата во собранието судот изрече. Тој штрајкува со глад.

Како што пренесоа дел од медиумите, притворените од 27 април се сместени во супстандардни услови. Ќелии полни со мувла, прозорци од 80-тите од минатиот век кои не функционираат и само 2 часа парно во текот на 24 часа и тоа по еден час наутро и еден навечер, иако надвор има минусни температури.