Прашања кои ќе ви помогнат да сфатите дали сте во врска со партнер кој сака да ве контролира!

Раните од психичката злоупотреба можат да бидат длабоки исто како и раните од физичка злоупотреба, со тоа што не се толку видливи. Во суштина, повеќето жени кои биле малтретирани од своите партнери, тврдат дека емотивната злоупотреба прави многу поголема штета.

Емотивното насилство ги уништува животите и на мажите и на жените кои се загрозени. Но, бидејќи не се искажуваат преку физичко насилство, симптомите не се забележуваат во истиот момент. Ваквите врски лесно можат да се претворат во шаблон и наскоро луѓето фатени во овие шаблони не знаат да бидат во поинаква врска.

Голем дел од луѓето не можат да препознаат злоупотреба во своите врски, особено кога доаѓа во форма на контрола. Во продолжение можете да ги одговорите следните прашања и да дознаете дали вашиот партнер ве контролира на начин кој ви прави емотивна и психичка штета.

1. Дали вашиот партнер прави да се сомневате во вашата способност да ги постигнете вашите професионални цели? Дали ги намалувате вашите амбиции само затоа што оваа личност ве убедила дека не сте доволно паметни или способни за да ги достигнете?

2. Дали ги исмева вашите цели во поглед на здравиот режим на исхрана или вежбањето? Дали се труди да ви постави искушенија за пороците од кои сакате да се откажете, како цигари или алкохол?

3. Дали чувствувате потреба да викате за да бидете слушнати? Дали често ве прекинуваат или одбиваат да ја разгледаат вашата перспектива?

4. Дали се чувствувате непријатно после секс?

5. Дали вашето задевање има чудни вибрации? Дали често користат хумор за да ги исмејат вашите вредности или за да направат да се чувствувате лошо?

6. Дали тие прават да се чувствувате непожелно или непривлечно? Дали ве споредуваат со други луѓе?

7. Дали ги омаловажуваат работите кои вам ви се важни?

8. Дали дебатирањето или дискусиите со нив се толку непријатни и без поента што дури и се согласувате со нив само за да избегнете дискусија?

9. Дали ве третираат како да сте виновни? Дали се фаќате како се извинувате за работи кои никогаш не сте ги направиле?

10. Дали се чувствувате дека морате да го живеете животот според нивен вкус и дека само така ќе ве почитуваат?

11. Дали прават да се чувствувате виновни ако сакате да бидете сами со себе?

12. Дали се трудите да изгледате што е можно понезабележливо од страв да не направи љубоморна сцена?

13. Дали ја бараат лозинката од вашиот телефон, мејл, Фејсбук?

14. Дали ви купуваат екстравагантни подароци и постојано ве потсетуваат колку скапо ги купиле?

15. Дали ги користат своите чувства за да ве манипулираат да правите како тие сакаат?

16. Дали ви прават љубезни работи и услуги само за да го искористат тоа во своја полза?

17. Дали со нивната љубов доаѓаат милион услови? Дали ве сакаат и кога нема секогаш да биде по нивно?

18. Дали некогаш ве се заканиле дека ќе ве повредат? Дали се заканиле дека ќе се самоповредат ако ги оставите?

19. Дали ја критикуваат вашата гардероба, кариера, начин на зборување, дом?

20. Дали ве обесхрабруваат да поминувате време со вашите пријатели или семејство?

Ако одговорот на повеќето прашања е ДА, тогаш навистина е време да ги преиспитате вашите односи со партнерот и можеби е време да побарате помош од вашите најблиски. Врска во која не може да се изразувате и развивате и да поминувате време со своите најблиски без да чувствувате грижа на совест поради тоа е врска која не го заслужува вашето време!