„Прага“ - oригинален рецепт за најчоколадната торта

Прашката торта е еден од највкусните десерти. Зошто оваа торта е толку вкусна? Па ако ви кажеме дека имате чоколаден пандишпан и чоколаден фил, веројатно веќе сè ви е јасно...

Состојки:

За пандишпан:

3 јајца

1 чаша шеќер

250 ml млеко

1 чаша хопла

1 лажиче сода бикарбона

1,5 чаша брашно

2 лажици какао во прав

За глазура:

50 g путер

4 лажички шеќер

3 лажички млеко

1 лажичка какао во прав

За фил:

200 g путер

250 ml млеко

1 лажичка какао во прав

Начин на подготовка:

За да го подготвите филот измешајте го путерот и млекото, па додадете го какаото и повторно убаво измешајте.

За глазурата измешајте ги путерот, шеќерот, млекото и какаото. Варете ги на ниска температура се додека смесата не се згусне, со повремено мешање.

За подготовка на пандишпанот изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го млекото, сода бикарбоната и хоплата, и убаво измешајте. На крајот додадете ги брашното и какаото и мешајте додека состојките убаво се соединат.

На подмачкана тава поставете хартија за печење и истурете го пандишпанот. Печете на температура од 180 °С.

Откако пандишпанот ќе се испече оставете го да се излади а потоа исечете го на три еднакви делови. На два од нив нанесете од филот, а на најгорниот премачкајте со глазурата.