Познати суеверија кои носат лоша среќа и кавги, барем според народните верувања

Измислици или не, сепак уште од мали нозе не учеа на сите тие правила кои се применуваат за наводно да се избегне кавга или да не се прекрши среќата во различни сегменти од животот.

Затоа во продолжение прочитајте ги овие верувања и заштитите се од лоша среќа и баксузи.

Едно од таквите необични верувања е дека не се подарува запалка, затоа што тоа наговестува кавга. Исто така, се верува дека доколку рацете на четири личности при ракувањето се вкрстат, тоа значи дека меѓу нив ќе има расправија.

Кога одите на гости, никогаш не ја оставајте вашата пијачка недопиена, затоа што на тој начин на домаќините им се остава кавга во куќата. Исто така не треба да се седи со скрстени раце во куќата, затоа што тоа води кон несреќа и тага, а не треба ниту да го менувате вереничкиот прстен, за животот да не се преврти.

Ако девојката му подари часовник на момчето или обратно, им следува раскинување, а во куќата во која масата се ниша, главниот збор го има жената. Се верува дека скршена часа во куќата наговестува среќа, како и дека оној кој ги јаде трошките од масата ќе биде богат човек.

Уште едно од овие необични правила е дека никако не смеете да пеете за време на оброкот. Наводно, оној кој пее додека јаде на маса, ќе се венча со луд/а маж/жена.

Необично е и верувањето дека оној кој јаде храна со нож или го лиже ножот ќе се разболи, а исто така не треба да преминувате преку раскрсницата, затоа што тоа е место на кое се вкрстуваат оној и овој свет.