Познати имињата на кандидатите за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ за неколку скопски општини

ВМРО-ДПМНЕ денес ги објави имињата на кандидатите за градоначалници кои на претстојните локални избори со богата програма ќе ја бараат довербата од граѓаните. Помеѓу нив се имињата на три скопски општини: Бутел, Чаир и Кисела Вода.

За Бутел е Дарко Костовски, советник во општината.

За Кисела Вода Јохан Тарчуловски.

Кандидат за градоначалник на општина за Чаир е Нермин Таловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.