Познати добитниците на наградата „13 ноември“ на Град Скопје за 2015 година

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2015 година. Тајното гласањето го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Бранко Цветкоски и членови: д-р Стојан Киселиновски, д-р Марко Китевски, д-р Михаил Груневски, Никола Фиданоски, Авни Халими, Петар Гичаровски, Санде Стојчевски, д-р Изаим Муртезани, д-р Скендер Асани и проф. д-р Људмил Спасов.

Добитници на Наградата

„ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2015 година се:

Од областа на науката и публицистиката

1. Проф.д-р. ДИМИТАР МИРЧЕВ ,за висок придонес во развојот на политичките и општествените науки и образованието и посебно за Тетралогијата за македонскиот идентитет и суверинитет (2012-2015).

2. Доц. др. БЕКИМ КАДРИУ, за постигнати резултати во областа на правната наука .

Од областа на образованието и воспитанието

1.БАКИ БАКИУ, за заокружена творечка континуирана животна работна целина во областа на воспитанието, образованието и публицистиката.

Од областа на културата

1.ЏАБИР АХМЕТИ, за долгогодишно остварување во областа на културата и книжевниот превод.

2. БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ, за петте книги во кои е вреден и вљубен хроничар на градот Скопје.

Од областа на уметноста и архитектурата

1. ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ, за особен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје и за основање на Националната установа Театар Комедија, Скопје,за негово етаблирање и успешно раководење.

2.Проф.д-р ЈОВАН СТЕФАНОВСКИ-ЖАН, за остварувања во областа на архитектурата.

Од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност

1.ПОЛИКСЕНА ИЛИОСКА , за долгогодишни остварувања во областа на хуманитарната дејност и придонес за афирмација на градот Скопје и Република Македонија.

2.Проф. д-р ГОРДАНА ПЕТРУШЕВСКА, за особено врвни постигнувања во областа на медицината.

Од областа на спортот

1. СТОЈНА ВАНГЕЛОВСКА , за постигнати врвни спортски резултати.

2. ИГОР СТЕФАНОВСКИ, за постигнати врвни резултати и освојување на медали во автомобилизмот во ридско брзинските трки.

За ученици и студенти

1.МАРКО МЛАДЕНОВСКИ, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Наградите на посебна свеченост ги врачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.