Познатата блогерка открива: Исхраната без месо, млечни производи, шеќер и јајца ќе ви го промени животот

Животот е навистина убав ако го живееме здраво и без намирниците кои не ни одговораат. Ова е тврдењето на познатата блогерка Ела Вудварт.

Ела Вудварт е 24-годишна блогерка која по дијагностицирањето на ретка болест целосно ги исфрлила преработените намирници како шеќерот, месото, јајцата и млечните производи. Нејзиниот живот целосно се менува по таквата одлука, а денес таа инспирира многу луѓе ширум светот кои се во дилема дали радикалните промени навистина можат да придонесат за подобро живеење.

Иако на почетокот се соочила со тешкотии, сепак Ела донела одлука да биде истрајна во својата намера и да се потруди нејзината исхрана да биде без овие намирници.

Во зависност од тоа како почнува нејзиниот ден, таа на тој начин го избира своето мени. Понекогаш за појадок јаде овесна каша со бадемово млеко, а додава и овошје како брусница или боровинки. Чиа семките се исто така одличен избор.

Кога станува збор за ручекот, таа го сведува на лешници, бадеми, овошје и зеленчук, а вели дека одлично и одговараат и ужинките кои и помагаат да го убие апетитот. Вечерата е нејзин омилен дел од денот, во кој подготвува различна храна без состојките кои се исфрлени од нејзината исхрана.

Според Ева, тоа придонесува таа да се чувствува подобро, поенергично, но и да забележи сериозни позитивни промени на нејзината кожа и коса. Дел од нејзините рецепти и совети можат да се најдат на нејзиниот блог и инстаграм – Deliciously Ella.