Позната јачината на новиот земјотрес кој го стресе Скопје

Неколку минути пред 13 часот, во Скопје, се почувствува послаб земјотрес.

Според европската сеизмолошка станица, земјотресот бил со јачина од 2,7 степени, според Рихтер, но тоа се уште не е потврдено.

Епицентарот на земјотресот е на 3 километри од северо-источно од Усје, а бил на длабочина од 5 километри.