Позната е дијагнозата на Лазаров, еве колку време капитенот мора да мирува

Капитенот Кирил Лазаров се повреди на натпреварот против Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот.

Иако сакаше да помогне, се најде во состав и шутираше седмерци против Чешка, но против Данска нема да игра.

Резултатите од магнетната резонанца покажуваат парцијална роптура на задниот бутен мускул.

Со оваа дијагноза Кире мора да мирува во следните две до четири недели.