Позната датата на одржување на Локалните избори, изменет е Изборниот законик

Во Собранието вчера беа усвоени измените на Изборниот законик со кои што локалните избори за градоначалници и за советници ќе се одржат на 15 октомври. Со измените, продолжен е и мандатот на градоначалниците и на советниците до одржувањето на наредните локални избори.

Мандатот на градоначалниците и на советите на општините истече според експертите на 27 март, а според Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) по 15 мај.

Градоначалниците на општините од Источна Македонија во април преку петиција бараа Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да поведе изменување на Изборниот законик за да се поместат локалните избори.

Според градоначалниците, со измените ќе може да се овозможи нормално и законско функционирање на општините. Во спротивно, по 15 мај, сите нивните активности престануваат.