Познат терорист од Косово се крие во близина на Скопје

Косовскиот дневен весник „Коха диторе“ објави информација дека има сомнежи дека познатиот терорист од Косово, Лавдрим Мухаџери кој војува на страната на терористите во Сирија се крие во Македонија.

Весникот во текст со наслов „Има сомнежи дека Лавдрим Мухаџери и  Ридван Хаќифи се кријат во Македонија“ пишува дека седум терористи на ИС од Косово се вратиле од Сирија и се наоѓаат во земјите на Балканот. За Мухаџери и Хаќифи се наведува дека се кријат во некои скопски села.

Минатата година светските медиуми објавија видео во кое Лавдрим Мухаџери е сниман како обезглавува војник.