Познат идентитетот на загинатото момче кај Катланово

Вчера околу 10:56 часот на регионалниот пат кон Катлановска бања се случила сообраќајна незгода во која загина едно лице, соопшти денес МВР.

Судирот се случил помеѓу автобус на ЈСП со скопски регистерски таблици, а управуван од З.Ц. (49) и автомобил „застава 101 ГТЛ 55“, со скопски регистерски таблици управувано од Димче К.(29) од Скопје, кој им подлегнал на повредите на самото место.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.