Вчеравечер на раскрсницата кај гимназијата Јосип Броз во центарот на Скопје се случи сообраќајна незгода во која учествуваа полициско возило и мотоциклист. Очевидците вчера тврдеа дека при ударот мотоциклистот неколку секунди летал во воздух по што паднал на асфалтот, по што со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Веб порталот Точка од официјални извори пренесе информација дека станува збор за градски лик кој има работено како менаџер во повеќе ноќни клубови, а името нема да го откриваат поради етички причини.
Изминативе неколку години, значително е зголемен бројот на моторни возила. Забележлива е нивна зголемена фрекфенција, особено во градските средини, а со тоа зголемен е и сообраќајниот метеж, па многупати справувањето со метежот и управувањето моторно возило претставува вистинска уметност.