Позицијата на спиење кажува многу за вашиот карактер!

Кој би рекол дека  и начинот на којшто спиеме има врска со тоа какви сме како личности? Навистина е за изненадување колку мали несвесни работи откриваат многу работи за нас. Погледнете ја сликата, препознајте  ја вашата позиција на спиење и прочитајте што кажува тоа за вас!

1. Ако не можете да заспиете без да ги исфрлите колената надвор додека лежите на страна, тогаш вие сте мирна и доверлива личност. Тешко е да ве навредат и не се плашите од иднината. Вие се насмевнувате дури и на најмизерните зимски утра и можете без никаков проблем да се прилагодите на каква и да било промена во вашиот живот.

2. Ако најчесто спиете во фетална позиција, тогаш често чувствувате потреба да бидете заштитени, сфатени и да имаат луѓето сочувство за вас. Со ваквото спиење, вие се обидувате да се оддалечите од проблемите со кои се соочувате во секојдневниот живот. Најсовршен начин да ги изразите вашите таленти е да сликате слики, да научите да танцувате или да водите блог.

3. Ако спиете легнати на стомак, со рацете и нозете раширени, тогаш вие сте лидер. Вие сте импулсивни и преземате иницијатива и секогаш се осигурувате дека се е во совршен ред и во вашиот приватен и во вашиот професионален живот. Вие најверојатно планирате се однапред и не сакате изненадувања. Вашата способност да истраете и вашето чувство за одговорност ќе ви помогне да постигнете голем успех.

4. Ако спиете легнати на стомак, тогаш вие најверојатно сте позитивна личност којашто го сака животот и е навикната да биде центар на внимание и сака добро друштво. Вие работите упорно и тврдоглаво, но на рационален начин, преферирајќи секогаш да ја кажувате вистината. Луѓето кои спијат во оваа позиција обично имаат многу силни карактери.

5. Ако спиете како исправен војник, лежејќи на грб со рацете припиени за телото,  тогаш вие сте личност со средени приоритети и живот, личност којашто ги знае своите цели и се труди да ги постигне истите. Можете да бидете строги, педантни и да барате многу, но највисоки побарувања имате пред се од самите себе.

6. Ако спиете со едната нога раширена и крената, тогаш најверојатно имате непредвидлив карактер поради кој често налетувате на авантури, додека вашето расположение може многу често да се менува, па може да ги збунувате другите луѓе околу вас. Често ви е тешко да донесете одлука и да бидете одлучни. Генерално во животот и во работата, сакате стабилност, мир, тишина и промисленост.

Ако спиете во неколку пози, тоа значи дека вашиот карактер и многу посложен и дека во вас има неоткриени длабочини кои и самите ги немате откриено.