Пожарот се шири граѓаните во паника: Луѓе ни треба помош, авиони и хеликоптери треба нон-стоп да гасат! (Видео)

На социјалните мрежи се поголем дел на граѓани очајно бараат помош од институциите.

-Денес гореше селото Требовље! Со сета добиена помош од надлежните служби, огнената стихија не стивна, напротив влезе во селото!

Луѓе ни треба помош! Авиони и хиликоптери треба нон стоп да гасат, а не да прават паузи од 3 саати! Ни треба помош од странство, овој пожар не го гаси ништо.

Инаку надлежните институции потфрлија пред граѓаните останувајќи со денови глуви на апелите и повиците да се помогне во гаснењето на пожарот кој 10 дена беснее кај селото Требовље во близина на Македонски Брод.