Пожарникарите на терен: Пожар во зградата на „Јахја Кемал“ во Центар

Мал пожар избувнал утрово во зградата на „Јахја Кемал“ во центарот на Скопје.

Како што информираат од Противпожарната служба, пожарот избувнал на покривната конструкција и брзо бил изгаснат. Според првичните информации, причинета е мала материјална штета. Очевидци сведочат дека сите вработени биле излезени надвор.

Неколку противпожарни возила брзо ја завршиле работата. Местото го обезбедувала и полиција.