Пожарникари спасувле пет деца што се заглавиле во лифт во Ново Лисиче

Пет млади луѓе од десетина минути по 23 часот се заглавени во лифт во скопската населба Ново Лисиче во општина Аеродром, објави „Експрес“.

Децата телефонски побарале помош од најблиските, но тие не успеале да им помогнат и на помош се повикани припадниците на противпожарната бригада на град Скопје.

Очевидци тврдат дека околу 23.30 минути противпожарно возило е забележано како се упатува кон зградата на булеварот „АСНОМ“ во близина на бензинската пумпа на „ОКТА“, црквата „Свети Јован Крстител“ и паркот познат како „Авионче“.