Пожарникари претепани додека гаселе пожар

Вистинска драма се одвивала во Скопје во 16 часот и 15 минути кога Бригадата за противпожарна заштита отишла да гаси пожар на улицата „Павел Шатев“.

Полицијата информира дека при интервенција за гасење на пожар, физички биле нападнати од повеќе лица, при што 46-годишниот М.С.од Скопје, инаку припадник на единицата, се здобил со телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во  Ургентен центар Скопје, по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.