Предмалку во затворот „Идризово“ избувнал пожар, јавуваат за „Фокус“ дел од затворениците.

Според нивните информации пожарот бил подметнат во затворската амбуланта, и тоа во знак на револт на дел од осудениците поради лошите услови, но и нивните неостварени барања за амнестија.

-Не беше запалена амбулантата, туку помошна просторија во нејзина близина. Пожарот беше мал и изгаснат пред да стигне противпожарната екипа, вели директорот на затворот, Живко Пејковски, кој додава дека допрва ќе се утврдува дали некој го подметнал.