Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, во 14.30 часот  избувнал пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување.

– Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета. Нема повредени, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Теротиријалната противпожарната единица на Град Скопје.

Интервенирано било со седум возила и 15 пожарникари. Противпожарните екипи навреме стигнале на местото и евакуирале една неподвижна жена во стан од погорните катови.