Пожар во Скопје, почина маж

Маж на возраст од околу 50-тина година го загуби животот во пожар што настанал во неговиот дом лоциран на улицата „Црногорска“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал вчера утрината, по што зафатена била бараката во која живеел А.А.

Според првичните информации пожарот настанал од заборавена запалена цигара од страна на А.А.