Пожар во Ново Лисиче: Општина обвинува за манипулација од опозиционите медиуми

Дел од медиумите попладнево објавија вест дека противпожарни екипи попладнево се борат со пожарот кој изби во скопско ново Лисиче близу дивата депонија во истоимената населба. На овие објави реагираше општината Аеродром која обвини за манипулација од страна на медиумите.

Од  Противпожарната бригада на Град Скопје посочуваат дека е опожарена голема површина во близина на дивата депонија во Ново Лисиче а моментално на терен се две возила и интервенираат.

На овие вести попладнево реагираше општината Аеродром која на својот фејсбук профил изрази сомнеж дека прилогот за пожарот во Ново Лисиче за кој известуваше телевизијата 24 Вести попладнево има политичка позадина.

Во прилогот се тврди дека Општина Аеродром не реагира на повиците на жителите да се исчистат мини депониите што ги создаваат несовесновесни граѓани што е ноторна невистина бидејќи општинските екипи перманентно и интензивно работат на нивно отстранување, се вели во соопштението.