Пожар во куќа во Скопје, едно лице затруено со чад

Вчера околу 12,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Панче Неделковски“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на А.Ч.(29).

Од пожарот бил опожарен прозорецот и креветот во дневната соба. А.Ч. поради вдишан чад бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил локализиран од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.