Пожар во куќа во Скопје

Вчера околу 23.00 часот во Скопје на улица “Катлановска“, во куќата на А.М. (70) настанал пожар.

Истиот бил изгаснат од страна на членови на семејството. Во моментот на пожарот во куќата престојувале шест члена од семејството, при што нема повредени лица.

Од пожарот предизвикано е оштетување на дел од фасадата. Извршен е увид на местото на настанот.