Пожар во близина на скопското село Љубин кај Сарај

Пред неколку минути избувна пожар во селото Љубин во општина Сарај. Веста за Алсат ја потврди пожарникарот, Владимир Симоновски, кој заминал на местото на настанот.

Во моментов на теренот се интервенира со три противпожарни екипи кои се обидуваат да го локализираат огнот и да спречат негово проширување до населбите и куќите.