Пожар во Бардовци

Наши читатели информираат дека во околината на Бардовци се шири пожар кој за сега ја има зафатено сувата трева во горниот дел на селото. Ветерот влијае на брзо ширење на пламените јазици кои веќе се во близина на куќите. Се очекува интервенција од пожарникарските служби.