Пожар утринава во Аеродром (фото)

На скопската населба Аеродром утринава станарите на улица „Методија Шаторов Шарло“ без вознемирени од пожар. Зголеменото присуство на возила на Противпожарната бригада и полицијата и црниот чад ги натераа да излезат од домовите, пренесува Република.

Брзата реакција на Противпожарната бригада спречи поголемо ширење на пожарот, која, како што не информираа настанал од аспиратор кој се запалил во кујната.

-Применивме стандардна процедура, на местото на пожарот има три возила и скала поради спречување на ширење на пожаро. Причината за пожарот е аспиратор кој се запалил во кујната, и направена е минимална материјална штета, ни рекоа оттаму.