Пожар над Пинтија, граѓаните во паника бараат помош

Голем пожар попладнево беснее во близина на населбата Пинтија, пренесува Сител. Жителите на оваа скопска населба се обратиле до телевизијата со молба за помош. 

Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.

Гори сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот. Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.