Пожар на Зелен пазар:Се запалила тезга со гуми и пожарот се проширил (фото)

Запалена тезга за продажба на гуми за возила и велосипеди е причината за пожарот кој попладнево избувна на Зелениот пазар во Скопје.

Во пожарот нема повредени а екипи на противпожарната единица од Скопје работат на негова локализација.

Како што дознаваме, продавачот на тезгата го заклучил објектот и тргнал да си оди по што избувнал пожарот кој се проширил и ги зафатил околните тезги.