Пожар на Скопска Црна Гора

Вчера околу 16:15 часот на планината Скопска Црна Гора, над село Никуштак настанал пожар при што биле опожарени 30-40 хектари нискостеблеста шума, трева и папрат.

Работници од ЈП „Македонски шуми“  подружница Куманово биле упатени на местото за гаснење на пожарот.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.