Пожар на паркингот во „Сити мол“

На најгорниот паркинг во трговскиот центар „Сити мол“ вчера околу 15:55 часот избувнал пожар во патничко моторно возило.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал од засега непознати причини во автомобил „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици сопственост на М.А.(31) од Тетово.

Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.