Пожар избувнал на Клиниката за уво, нос и грло

На Клиниката за уво, нос и грло во комплексот клиники „Мајка Тереза“ доцна синоќа околу 22 часот избувнал пожар, соопштија од Противпоарната брига на Град Скопје.

Пожарот бил предизвикан од болјер во бања, а интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со пет пожарникари и две возила.  

Опжарена е површина од шест квадратни метри и според првичните проценки предизвикана е материјална штета од околу 12.000 денари.