Повторно земјотрес ја стресе земјата во Македонија

Нов земјотрес со јачина од 3.1 степени вчера околу 19 часот беше почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот бил на 4 километри од Охрид и на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од месец и половина ги вознемируваат жителите на Охрид и Ресен.