Повторно доаѓаат грмежи и пороен дожд - еве коку дена ќе трае невремето во Македонија

Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен североисточен ветер, минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени.

До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, а од петок со умерен до засилен северен ветер.