Поврзаноста меѓу мајката и ќерката е најсилната врска во животот на една жена

Врската меѓу мајката и ќерката е многу моќна. Таквата врска влијае на сите аспекти на живеењето и една од најдобрите детски искуства. Мајките претставуваат пример за тоа што значи да се биде добра и љубезна личност, но и за тоа како да се однесуваме со другите луѓе околу нас, со оние кои ги сакаме, но и со оние другите.

Иако таквата врска може да мине и низ добри и лоши моменти, сепак е најголемата поврзаност за една жена.

Мајката е идол за својата ќерка, нејзин најголем пријател и сојузник, а ќерката е нејзино продолжение.

Најдобриот пример кој може да се пренесе кон ќерката не е во тоа што мајката го кажува, ниту во книгите кои и ги чита на својата ќерка, ниту пак образованието кон кое ја насочува.  Тој лежи во односот на мајката кон надворешниот свет. Тоа е најмоќниот модел кој една мајка и го пренесува на својата ќерка.

Додека да сфатиме дека нашите мајки биле во право, ќе имаме ќерки кои ќе ни покажат дека ние грешиме.

За да ја објаснам мојата мајка, би требало да зборувам за ураган во неговата совршена сила. Или пак за убавите, совршени бои на виножитото.

Без оглед на годините, секогаш ја бараме љубовта и прифаќањето на мајката.

Жената која е мој најдобар пријател, учител, мое се : Мајка ми.

Секој оној кој не верува во шесто сетило, не ја забележал својата мајка. Како знаат се што знаат за вас, дури и сите тајни што се обидуваме да ги скриеме од другите. Всушност, тие не  дознаваат, туку веднаш знааат се.

Кога некој ќе не праша од каде сме дошле, велиме од нашите мајки. Кога нашите мајки ќе ги снема, го сакаме и цениме нашето минато. Тоа е многу повеќе од љубов.

Мојата мајка е како песок, оној песок кој ти ги топли стопалата на плажа кога се тресеш од студената вода. Оној кој се  лепи на твоето тело, кој го потсетува твоето тело каде си бил и каде ќе одиш.

Сакам кога мојата мајка се смее. Уште повеќе сакам кога јас сум причината за таа насмевка.

Мајката е пријатно чувство, таа е дом. Девојка која ќе ја изгуби својата мајка е како мало бротче на луто море.