Повредени три лица во два пожара во Скопје

Скопската противпожарна бригада синоќа двапати интервенираше во пожарите кои зафатија подрумски простории и куќа.

Во првиот случај околу 10.30 часот во подрумските простории на зграда на ул. „Јуриј Гагарин“ бр.28, настанал пожар, при што од пожарот со повреди се здобиле А.В. (83) со изгореници на рацете и Б.Н. (60) кој вдишал од чадот.

Истите се пренесени во Клиничкиот центар на токсикологија за укажување на лекарска помош.

Вечерта во 23.19 часот во ЕИК, од страна на БППЗ-Скопје било пријавено дека на ул. „Жорж Бизе“ настанал пожар во куќа. Од страна на Итна медицинска помош, на Одделот за токсикологија бил пренесен Г.К. (43), каде му биле констатирани телесни повреди и вдишена поголема количина чад. Пожарот бил целосно локализиран.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на двата пожара.