Еден пешак е потешко повреден, а седум лица се полесно повредени во три од вкупно седум сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во четири од сообраќајките е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 15 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената предвидена со сообраќајниот знак.  

Од сообраќај биле исклучени 10 возачи пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и 11 возачи кои имале нерегистрирани возила. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале на црвено светло, 11 кои не дале првенство на минување на пешаци, петмина за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.

Поради непрописно паркирање  со специјалното возило „пајак“ се подигнати 79 возила.

Сообраќајната полиција презела мерки и кон тројца пешаци кои не ја поминале улицата на пешачки премин.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура за децата во предучилишните установи“, денеска ќе се реализираат едукативни работилници со деца од средната и големата група во детската градинка „Росица“, објект „Пампурче“ во Ѓорче Петров.