Повредени две момчиња кои се фотографирале на вагони

Двајца малолетници завршија во болница, откако задобиле струен удар сакајќи да се фотографираат на вагон.

Вчера во 15.50 часот во Скопје, во депото на Македонски Железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, бил удрен од струен удар. Момчето задобило тешки повреди е е згрижено на скопските клиники. 

Четири часа подоцна, во истото депо 15-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна сакајќи да се фотографира. Но, кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, бил удрен од струен удар и притоа здобил со тешки телесни повреди. И тој завршил на лекување на скопските клиники.