Повредени 10 лица вчера во Скопје

Едно лице е тешко повредено, а уште девет се здобиле со телесни и полесни повреди, во пет од шесте сообраќајки изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. За една сообраќајна незгода е регистрирана материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала дванаесет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила 12 возачи од кои десет пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.

Исклучени се од сообраќај десет нерегистрирани возила, а за непрописно паркирање се санкцинирани 98  возачи, додека со „пајакот“ се кренати 100 возила.Пет возачи се казнети за поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци, како и еден за неправилно престројување.

Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинка „8 Март“ објект „ Зеленика“ во општина Зелениково.