Повкусно од пица: Фокача со маслинки

Состојки:

500 гр брашно

1 сув квасец

350 мл вода

10 маслинки

3 лажици путер

5 лажици масло

1 лажица шеќер

1 лажица сол

Подготовка:

Во сад се мешаат брашното, квасецот, солта, шеќерот и постепено се додава водата. Се прави тесто и се меси додека стане нелепливо.

Откако ќе нарасне тестото (околу 45 минути), повторно замесете го, и оставете повторно да нарасне. Ставете го во тава за печење и додадете ги маслинките над него.

Премачкајте со путерот кој претходно сте го стопиле и наросете сол.

Печете на температура од 220 степени околу 20 минути.