Повисоките трошоци ќе ги поскапат становите

Зголемувањето на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите  и транспортот и за материјалите што се увезуваат и за тие од домашно производство. 

– Ако во изминатите години, исклучувајќи ги последните две во делот на високоградбата имаше континуитет и стабилност,  во сегашните услови на правна неизвесност инвеститорите не с ево можност да инвестираат. Она што може да очекуваме во следниот период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови, рече претседателот на Градежната комора.

Како што укажа, користењето квалитетни материјали, со примена на најновите трендови за изградба на енергетски ефикасни станови со врвен квалитет, чинат повеќе, но долгорочно значат двојна заштеда.

– Во чекор со светските достигнувања во градежништвото, неопходно е следење и имплементација на најновите технологии и стандарди во насока на зголемување на конкурентноста и квалитетот на градбата. Сето тоа чини, време, средства и труд. Цената на становите во иднина ќе се движи во нагорна линија и тоа зависи исклучиво од квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент, рече Јаќимовски.

Тој потсети и дека минатата година беше една од најлошите за градежништвото, сектор од чиј  долгорочен развој зависи растот на 26 стопански гранки и на целата економија.