Повикајте оџачар и закажете си термин!

Општина Илинден во насока на обезбедување подобар сервис за граѓаните, во рамки на ЈКП „Илинден“ воведе служба која се занимава со оџачарски услуги. 

Тоа подразбира одржување и чистење на оџаците и уредите за спроведување на чадот, опремата за ложење и огнишните објекти. Оваа услуга е од големо значење за жителите на Илинден, бидејќи најголем дел од населбата се грее на дрва или пелети. Услугите ги вршат лиценцирани и обучени лица. Чистиот оџак значително го намалува загадувањето, но и значително ја намалува шансата за избивање на пожар. 

Според стручните лица, оџаците треба да се чистат два пати во текот на една сезона и еднаш на крајот на истата. Заинтересираните можат да се јават во ЈКП Илинден на телефонскиот број:  2572-671 или преку и-мејл адресата: jkpilinden@yahoo.com.