Повеќе не ги толерирам оние кои не го заслужуваат моето трпение

Хозе Микард Техеира, португалски психолог, ни објаснува и нѐ советува како да се фокусираме на главните животни цели и како да престанеме да трошиме енергија на тривијалности и на луѓе кои апсолутно не го заслужиле тоа.

Целиот текст прочитајте го во продолжение:

„Апсолутно немам никаква желба да трпам сѐ и сешто. Поентата е дека јас не сум арогантен човек, но дојдов до точка кога почнав да се жалам себеси затоа што трошам време на нешто во коешто нема душа. Тоа влијае на мојата душа и ме боли.

Не толерирам цинизам, неразумни критики и строгост од кој било вид.

Повеќе немам желба да ги задоволувам оние кои всушност не ме сакаат, не ме ценат, ниту пак да ги сакам и да им се насмевнувам на оние кои никогаш не ми возвраќаат на насмевката. Повеќе не им подарувам ниту минута на лажговци и манипулатори. Ако забележам изговори, лицемерие или ласкање, се вртам и си одам.

Не поднесувам фалење и непостоечко знаење, ниту пак ароганција на т.н „интелектуалци“. Ми се гади од озборувања. Мразам ривалства и споредувања. Верувам дека светот е сочинет од спротивности и затоа избегнувам луѓе кои не се умствено флексибилни.

Што се однесува до пријателите, во својот круг ги задржувам лојалните луѓе и оние за кои сум сигурен дека нема да ме предадат. Повеќе не комуницирам со оние кои не знаат да дадат еден комплимент, ниту да изговорат збор за поддршка.

Претерувањата и екстремите ми се досадни.

Тешко ми е да прифатам луѓе кои не сакаат животни.

Но, над сѐ, повеќе не ги толерирам оние кои не го заслужуваат моето трпение.