За градот
26. December 2016 - 16:04

Повеќе делови во Скопје утре без струја

Делови од населбите Волково, Пржино, како и делови од Центар во вторник ќе останат без електрична енергија.

Како што соопштија од ЕВН Македонија, во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од ул. 24 во населба Волково

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, струја нема да имат корисниците од улиците Мариовска, Кавалска и Марко Орешковиќ во Пржино, додека во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Прилепска, Анте Хаџи Митков, Раде Јовчевски Корчагин, Преспанска, Велешка, кеј 13 – ти Ноември, како и дел од корисниците од ул. Ѓуро Ѓоновиќ во општина Центар.