Повеќе делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Саса“ 18 во населба Пинтија, во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати.

Без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица „Леринска“ околу број 72 и дел од улица „Стрезово“, а од 08:00 до 15:00 часот корисниците од улица „Франклин Рузвелт“ број 55, во општина Карпош.

Од 09:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од Сoпиште на улица 1 број 34 - црква „Св. Мина“, во општина Сопиште.