Повеќе делови на Скопје денеска ќе останат без струја

Без струја денеска во периодот од 06:30 до 08:00 часот ќе останат корисниците од улица „Владимир Комаров“ број 8 и дел од зграда на улица „Владимир Комаров“ број 12, во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во периодот од 08.30 до 15.00 часот ќе бидат дел од улица „Хераклеја“ и „Мис Стон“, во општина Ѓорче Петров.

Во период од 09:00 до 10.00 без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Нов Живот“, „Пелагонија“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од булевар „3-та Македонска ударна бригада“, дел од улица „Никола Карев“, како и улиците „Мирче Ацев“, „3-та Македонска бригада“ и „105“, во општина Центар.

Во периодот од 09:30 до 15:00 часот, денеска без елекетрична енергија ќе бидат дел од корисниците на  улица „Фуштанска“, броеви 75, 73, 71, 69 и околината, во општина Гази Баба, додека од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кучково и улица број „2“, во општина Ѓорче Петров.

Без струја денеска од 10.30 до 15.00 часот ќе останат и корисниците од село Усје, во општина Кисела Вода.