Поучна приказна: Зошто орелот живее толку долго?

Орелот има најдолг животен век помеѓу птиците.

Може да живее дури и 70 години. Меѓутоа, за да ја доживее таа старост, орелот мора да донесе тешка одлука. Кога ќе направи 40 години, неговите долги и еластични канџи веќе не можат да го ловат пленот кој му служи за храна. Неговиот долг и остар клун почнува да витка. Неговите стари  и тешки крила, му се плеткаат околу градите, а тоа значи дека не може толку да лета. Тогаш на орeлот му остануваат два избори: да умре или да помине низ болен процес на промени коj трае 150 дена. Тој процес бара од орелот да одлета до врвот на планината и да седне во гнездото. Тогаш орелот го удира својот клун во каменот се додека не му отпадне. Откако ќе отпадне клунот, орелот чека да порасне нов клун, а потоа со него ги клука своите канџи. Кога ќе пораснат нови канџи, орелот почнува да ги клука своите стари перја. И после пет месеци, орелот го прави својот нов лет и така живее уште 30 години.

Зошто на луѓето им е потребна промена?

Често, за да преживееме, потребно е да започнеме процес на промени. Треба да се ослободиме од некои сеќавања, штетни навики, лоша околина... Единствено ослободени од бремето на минатото и со помош на вербата можеме да ја искористиме сегашноста.