Поучна приказна: Животот е како кула од песок

Некој човек видел некои деца како на плажа граделе кула од песок.

Кога завршиле со замислената кула за која потрошиле многу време и трпение, наишол некој голем бран и во истата секунда ја срамнил кулата.

Човекот очекувал солзи и лутина.
Меѓутоа, децата седнале, се фатиле за рака и почнале да се смејат.
По кратко време, почнале да градат нова кула.

Се насмевнал и рекол: „Децата ме научија на една многу важна лекција. Сите работи во нашиот живот кои ги создаваме долго време и на кои трошиме многу енергија, се создадени од песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе наиде бран кој ќе го однесе она што сме го изградиле со толку труд. Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се насмејат само оние кои имаат кого да држат за рака.“